"Земјоделството претставува столб на човековата егзистенција. За просперитет на било која цивилизација, земјоделската гранка треба да биде здрава и одржлива. Потребно ни е повторно да се фокусираме на земјоделството, кое ја претставува основната индустриска гранка. Нашата земја има доволно за сите. Потребно ни е само добро да управуваме со нејзините ресурси."
Земјоделство без Хемикалии (Природно земјоделство со нула буџет)
Земјоделството во Индија е најстарата традиција и занимање. Методите на земјоделско работење биле пренесувани со генерации и традициите биле добро сочувани со години. Жетвата е добро тестирана и е докажано дека во Индија преовладуваат најдобрите почвени и временски услови. Како дел од Зелената Револуција, научниците развиле нови вариетети на семиња со кои се променил начинот на работа во земјоделството во Индија. Да се добие подобар принос од овие вариетети на семиња и да се спречи напад од штетници, било воведено вештачкото ѓубриво за почвата и пестицидите. Земјоделците биле убедени не само да ги купуваат овие семиња, туку и да инвестираат во вештачко ѓубриво и пестициди. За таа цел, ним им бил потребен заем за иницијалната инвестиција во насадите. Каматните стапки како и целокупните понатамошни трошоци ги вклучиле земјоделците во ‘магичен круг’ на долгови. Во неколку Индиски региони, земјоделците дури започнале да вршат самоубиства, бидејќи биле фатени во стапица од долгови.
Со цел да им се помогне да го развијат својот насад и да станат економски само-одржливи, Фондацијата Уметност на живеење организира иновативни работилници за земјоделство. Учесниците се обучени да избираат природни семиња и насади, кои, најдобро соодветствуваат на локалната почва и клима. Земјоделците, се обучуваат како да ги развиваат, сушат, конзервираат, чуваат и пакуваат семињата за употреба од страна на други земјоделци. Селските општини, наменуваат мали парцели земја за демонстрација на методите на органското земјоделство и развивање на семињата.
За повеќе информации, посетете ја страната - http://ssiast.org
Важност на природните методи за обработување на земјата
Во 1960-тите, Индија била опфатена од Зелената Револуција која била со цел да се добие висок принос од земјоделството за да се намали акутниот дефицит на храна во земјата. Одгледувањето растенија, развој на иригациони системи и употреба на вештачки ѓубрива му дале потпора на производството. Денес, Индија е главен извозник на ориз и втор по големина производител на овошје и зеленчук во светот, по САД. Да биде уште поиронично, е фактот дека голем број земјоделци се сретнуваат со реперкусија од нивната значајна трансформација.
Промените со себе повлекле повисоки трошоци за работење и производство, што создало заситување на пазарот со огромна побарувачка како на домашниот, така и на странските пазари.За да останат во бизнисот, многу од земјоделците биле принудени да земаат заеми со високи каматни стапки. Кога веќе еднаш ќе го исцрпеле кредитот, тие барале помош од приватни позајмувачи кои им наплатувале непристојно високи камати.
И тогаш всушност започнале најголемиот број самоубиства, според повеќето активисти.
“Самоубиството станало толку често што никој не го сваќа сериозно веќе„ рекол Гиридхар Патил, земјоделски активист во Нашик, Махараштра. Аналитичарите цитираат неколку фактори за самоубиствата во областите како што се Видхарбха во Махараштра, вклучувајќи ја тука неуспешната жетва заради агрохемикалиите и климатските промени, ниските цени заради земјоделските субвенции, државните рестрикции за извоз, како и фрлањето на вишок на земјоделски култури поради презаситениот домашен пазар.
“Феноменот на задолженост ќе се врати само доколку продолжат политиките за депримирање на цените во земјоделството„ вели Шарад Јоши, основач на Шеткари Сангатана, водечка организација за правата на земјоделците.
Социјална Трансформација: Земјоделците се враќаат кон природните техники на земјоделство
Околу 500 земјоделци од 25 области и околу 100 села се заложиле да се држат подалеку од хемиското земјоделство и се заколнале дека ќе се придржуваат до природните техники на обработка на земјиштето, за подобро здравје и околина, за време на работилницата на Уметност на живеење на тема ‘Земјоделство со нула буџет’ одржана во Јаипур, Индија на 26 Јуни 2008 година. Оваа работилница била организирана како еден од првите чекори на ‘Мисијата Зелена Земја’ и претставува соработка со Бартија Кисан Санг (Bhartiya Kissan Sangh), Сваеши Јагран Манч (Swadeshi Jagran Manch), Раџастан Госева Аајог (Rajasthan Goseva Aayog) и Државниот Земјоделски Одбор на Раџастан (Rajasthan State Agriculture Mktg. Board).
Од земјоделското планирање па се до земјоделската комерција, сето тоа било дел од интензивните дискусии за време на работилницата. На земјоделците им биле посочени несаканите ефекти на хемикалиите доколку се употребуваат во земјоделството и како всушност природните техники на земјоделство ќе помогнат во подобрување на фертилноста на почвата и добивање на подобар принос од нехемиски, органски култури со што краен ефект ќе биде подобрување на земјоделската економија.
"Чувствувам огромна корист од овие техники. Сега можам мирно да спијам, бидејќи моите насади можат да ги поднесат ектремните климатски промени„ вели Кришан Џакар (Krishan Jakhar), земјоделец од Ханумангарх, кој е еден од 1,20,000 земјоделци низ државата кои ги прифатиле овие методи. На земјоделците исто така им биле покажани техники на јога и пранајама како и техники на медитација од страна на Фондацијата Уметност на живеење.