Природата е полна со различни ритми и циклуси – по денот следува ноќ, по ноќта следува ден, доаѓаат сезони и си одат. Слично, постојат биолошки ритми на нашите тела, умови и емоции. Кога овие ритми се синхронизирани,чувствуваме хармонија и благосостојба. Кога стрес или болест ќе ја пореметат хармонијата, чувствуваме непријатност и незадоволство, ние сме вознемирени и несреќни.
Сударшан Кријата вклучува посебни природни ритми на дишење со кои се хармонизираат ритмите на телото и емоциите и ги водат во склад со ритамот на природата. Здивот го поврзува телото и умот. Исто како што емоциите влијаат на нашето дишење, со менување на ритамот на дишењето, можеме да направиме промени во нашиот ментален склоп и шемите на однесување. Се исфрла нашата лутина, вознемиреност и грижа, оставајќи го умот сосема опуштен и енергетизиран.
Од оваа единствена техника имаат корист илјадници луѓе од сите сфери на животот – директори на корпорации, сиромашни, деца и домаќинки.
“Јас веќе подучував медитација и јога. Но чувствував дека има нешто што недостасува. Иако луѓето ги применуваа нивните духовни практики, нивниот живот е поделен. Тие се молат, медитираат и ги применуваат духовните практики, но кога ќе излезат надвор се многу различни луѓе. Па размислував како може да се премости оваа празнина - помеѓу внатрешната тишина и надворешниот начин на живеење.
Додека бев во молк, Сударшан Кријата дојде како инспирација. Откако излегов од молкот, започнав да подучувам се што знаев и луѓето доживуваа огромно искуство."
"После Сударшан Крија многу луѓе се чувствуваат толку чисти, целосни, бидејќи свеста, која била заглавена во материјалното, која е туѓа на себе, се ослободила и дошла назад во својот дом. Тоа е чувство на чистота."
"Потребно е да правиме процес на внатрешно чистење. За време на спиењето се ослободуваме од заморот, но подлабоките стресови остануваат во телото. Сударшан Кријата го прочиствува системот одвнатре. Во здивот се крие голема тајна."