Сударшан Крија вклучува специфични природни ритми на здивот кои го хармонизираат телото, умот и емоциите. Оваа уникатна техника на дишење го елиминира стресот, заморот и негативните емоции како лутина, фрустрација и депресија, оставајќи ве смирени и полни со енергија, фокусирани и релаксирани.
Влијание на здивот врз емоциите
Европските истражувачи откриле дека здивот е врската помеѓу умот и телото - секоја емоција има посебна шема на дишење. На пример, кога сме:
Лути: Здивот станува краток и брз | Тажни или вознемирени: Здивот станува долг и длабок |
Обратно исто така е точно, дека дишење во одредена шема може да предизвика соодветна емоција. Па наместо да бидеме совладани од нашите емоции, можеме да ги трансформираме користејќи специфични техники на дишење. Преку Сударшан Крија можеме да научиме вешто да го користиме здивот за да го промениме начинот на кој се чувствуваме, ослободувајќи ги негативните емоции кои предизвикуваат стрес, како лутина, вознемиреност, депресија и загриженост, оставајќи го умот целосно среќен, релаксиран и полн со енергија.
Живеење на поздрав,попродуктивен живот со поголема емоционална благосостојба
Сударшан Крија го хармонизира целиот систем со чистење на дневниот и акумулираниот стрес. Истражувањата покажуваат дека пролактинот - хормон на добра состојба - значително се зголемува уште за време на првата сесија на Сударшан Крија.
Милиони луѓе од сите сфери на животот беа допрени од страна на исцелителската моќ на Сударшан Крија. Селани, вработени во компании, домаќинки, тинејџери, жртви со трауми, војници, лидери во бизнис до владини претставници, затвореници, работници во фабрики, студенти и секој друг, низ сите континенти, сите сведоштва водат кон бројни и најразлични придобивки од оваа моќна техника на дишење.
Општо е познато дека емоционалната благосостојба е директно поврзана со продуктивноста, концентрацијата, способноста за учење и успехот. Придобивките од практикувањето на Сударшан Крија се очигледни за секоја фамилија, бизнис или организација. И резултатите растат со текот на времето.